ПРЕД ФИНАЛЕТО СЕ ОГЛАСИ СРПСКАТА ПЕЈАЧКА

Карлеуша со порака до фудбалерите на Хрватска: Доста е од примитивизам

Пред утрешното финале се огласи и српската пејачка, Јелена Карлеуша, која испрати порака до „коцкестите".

објавено: 14 јули 2018 - 16:00

По месец дена неверојатен фудбал, утре завршува Светското првенсто, со дуелот меѓу Франција и Хрватска се спушта завесата на ова натпреварување.

Мундијалот со големо внимание се прати, а хрватската селекција е во центарот на вниманието. Пред утрешното финале се огласи и српската пејачка, Јелена Карлеуша, која испрати порака до „коцкестите“.

„Поради поддршката од Србија, Новак, здрав памет и човечност, се надевам дека репрезентативците на Хрватска повеќе нема да пејат песни во кои се споменуваат жртвите од Србија. Доста беше со примитивизам, омраза и лошото минато. Спортот е спорт. Нашите спортисти по ова прашање се пример за сите“, порача Карлеуша, која додека играше Србија беше активна на социјалните мрежи.

 

Најново во Другата страна на спортот