СРПСКАТА ПЕЈАЧКА И НАТАМУ ВО ЦЕНТАРОТ НА ВНИМАНИЕТО

Карлеуша ги дочека своите пет минути: Пссссст!

Откако се разголе пред дуелот меѓу Костарика и Србија, Јелена Карлеуша по победата на нашиот северен сосед (1-0) се огласи на својот „Твитер“ профил. 

објавено: 18 јуни 2018 - 08:00

Овој пат не станува за голи фотографии, таа застана во одбраната на својот сопруг Душко Тошиќ, кој е српски репрезентативец.

„Многу пати во Србија беше омаловажуван бидејќи е мој сопруг. Минавме многу неправди, се боревме против зависта и омразата. Кога реков дека е најдобар дефанзивец во светот, сите ме нападнаа. Но, јас бев сигурна дека ќе дојде денот кога гордо ќе напишам - ПСССССТ. Браво Душко“, пиша српската пејачка.

Најново во Другата страна на спортот