СКАНДАЛ ВО РУСИЈА

КАКО ЌЕ КАЖАТ НАВИВАЧИТЕ: Во Торпедо не сакаат „црнци"

Само што се заврши Светското првенство во Русија, како своевидна манифестација на мултикултура меѓу народите, изби еден сериозен скандал.

објавено: 20 јули 2018 - 19:15

Навивачите на московскиот Торпеди од раководство на клубот побараа да не игра Ервинг Ботака-Јобома, и тоа само затоа што има црна боја на кожата.

Да биде уште полошо, управата на Торпедо го прифатила тоа нивно „расистичко барање".
Инау, Ботака-Јобома е фудбалер кој „порасна" во младите категории на Торпедо, дури има и руско државјанство. Но сето тоа не „влијаеше" за навивачите да го сменат својот ригиден став, кој згора на тоа, беше подржан и од клупското раководство, што го потврди и претседателката на Торпедо, Јелена Јеленцева.
Ова не е прв ваков случај во Русија, а во свежо сеќавање е протестот на навивачите на Зенит поради доаѓањето на Хулк и Аксел Витцел.
Интересно, за прв пат еден црномурен фидбалер кој заигра во Русија беше Нигериецот Аугустин Егуавоен, кој заигра токму во Торпедо, во 1997 година.

Најново во Другата страна на спортот