ТОА ГО НЕМА ВЕРОЈАТНО НИКАДЕ

Јувентус веќе заработи 160 милиони од Роналдо!

Акциите на клубот од Торино во последните три дена „скокнаа" за неверојатни 22 проценти...

објавено: 6 јули 2018 - 09:00

Додека навивачите на Јувентус со големо нетрпение ја очекуваат веста дека Кристијано Роналдо е нов член на „Старата дама" од Торино, челниците на најтрофејниот италијански клуб веќе имаат за што да се пофалат. Ги тријат рацете откако специјализираниот портал (Фудбал и финансии) пресмета дека на некој начин Јувентус веќе заработил 160.000.000 евра.

Имено, во изминатите три дена откако се зборува за доаѓањето на Португалецот на „чизмата", поточно во Торино, вредноста на акциите на клубот со „црно-бела" комбинација пораснале за дури 22 проценти. Преведено со зборот на броевите, односно финансиите, вредноста на капитлот на Јувентус од 665.милиони порасна(ла) на 825.милиони евра.
Би можело да се каже дека ова е последица на "ефектот Роналдо". На некој начи се чини дека се што ќе допре Португалецот го претвора во злато и во пари, нешто што на времето го правеше и еден Дејвид Бекам.
А покрај евидентните фудбалски, токму тоа е една од главните причини поради која Андреа Ањели и неговите соработници се одлучија да го ангажираат најдобриот на светот.
За деталите на овој мега трансфер (во најава) е доста говорено.

Како од неговата неверојатна (за италијански прилики) плата од 30.милиони евра, па се до отштетата од сто милиони евра од Јуве за Реал Мадрид, како и дополнителната помош од семејството Ањели, односно компанијата која е во нивна сопственост.
И како што објаснуваат во „Фудбал и финансии", токму берзата дала одговор на прашањето, како да се плати сето тоа?
Семејството Ањели ја поседува холдинг компанијата „Ексор", под чиј „чадор" се наоѓаат Јувентус, Ферари, Фиат Крајслер и Економист.
Во секој случај останува да сочекаме до сабота, затоа што за тој ден италијанскиот „Спорт Медиасет" ја најави промоцијата на Роналдо во Торино.

Најново во Другата страна на спортот