ПОТЕГ ЗА ПОЧИТУВАЊЕ

„Јапонците“ од Црно Буки, го победија Велешта, и ја „средија“ соблекувалната

ФК Црно Буки ЗЛ извојува тешка победа. И тоа на гостински терен против мошне незгодниот домаќин, екипата на ФК Велешта со (2:1).

објавено: 22 октомври 2018 - 13:30

Четата на Наум Љамчевски по двата едно по друго порази, прво од лидерот Охрид (0:1) на домашен терен и во Заграчани 3:0. играше  само (1:1) со искусната Преспа,  се враќа на победите од тешкото гостување против Велешта.

Она што го одбележа овој меч, секако освен трите освоени бода, комплетниот тим на ФК Црно Буки во стил на некои други многу поголеми клубови, по завршувањето на средбата, ја исчисти гостинската соблекувална, како што тоа доликува на една професионална екипа. 

Освен тоа „зелено-црните“ уште еднаш докажаа дека се екипа која се стреми за високи дострели во пова аконкуренција, во која во следното 10.коло играат на домашен терен против екипата на Новаци.

На оваа средба со Велешта, головите ги постигнаа Никола Мицевски во 9, односно Наумче Најдовски во 19.минута. а  играа во состав: Колевски, Јанкуловски, Д.Велевски, Ѓорѓиовски, П.Велевски, Черговски (46 Дамчевски), Лавчански (Кап), Дарајлиовски, Најдовски (76Христовски), Мицевски (Милошовски 84)


Најново во Другата страна на спортот