СЕ ПРАШУВААТ ЗА СЕ, СЕ МЕНУВААТ И ЗАКОНИТЕ

ЈАКУЗИТЕ ИМ ВТЕРАА СТРАВ ВО КОСКИ: „Ол блекс" мораат да бидат „облечени"

Кој сака на Светскиот рагби куп во Јапонија мора да ги покрие своите тетоважи...

објавено: 21 септември 2018 - 23:00

Светското првенство во Јапонија стартува за кратко време. А таму е дувлото на криминалната организација позната по бруталност и тетоважи, нивните главни одбележја...

Како што е познато на многумина, владата на Јапонија донесе наредба-забрана за јавно покажување на тетоважите како симбол на познатата криминална организација „Јакуза". Оваа забрана се однесува и за оние „обични граѓани", затоа што некои ги сметаат за еден вид на навреда.
Оваа забрана се однесува и на странците, посетители на оваа земја, а ригорозно ќе биде и за време на светскиот турнир во рагби, во што нема сомнеж.
Со оглед на тоа дека тетоважите се се пораспростанети во светот на спортот, па и кај рагбистите, нема сомение дека гостинските репрезентации же мора добро да се опремат со завои, како на секој начин би ги прекриле тетоважите.
Организаторите велат дека засега нема револт, освен кај момците од Нов Зеланд.

Популарните „Ол Блекс" се скоро комплетно истетовирани, што освен имиџот и дел од нивната култура, па рагби федерацијата на Нов Зеланд е единствената која вложила жалба на забраната за покажување на тетоважите.

„Каде и да играл нашиот тим, било каде на светот, од домаќинот очекуваме почитување на нашата култура, И ова Светско првенство нема да се разликува по тоа прашање“ - порача претставникот на рагбистите на Нов Зеланд, Најџел Кас.

Едно истражување покажа дека 56 отсто од хотелите во Јапонија забранува влез на тетовирани личности.
Јакуза кланот, поради кој се подигна оваа прашина. според некои проценки брои нешто повеќе од 50.000 членови.

Најново во Другата страна на спортот