ИРОНИЧНА ИЗЈАВА НА ПРВАТА ДАМА - ТРЕНЕР НА ФУДБАЛСКИ КЛУБ

Играчите ги одбирам според големината на нивниот пенис

Не е лесно да се биде жена во фудбалот, а Имке Вобенхорст, прва дама на германскиот фудбалски клуб Клопенбург со сарказам одговараше на глупави прашања на новинарите

објавено: 18 јануари 2019 - 09:15

Имке Вобенхорст е прва жена на клупата на машки фудбалски клуб, а таа работи во петтолигашот Клопенбург. Клубот се наоѓа на последното, 16. место во регионалната лига Нидерзајшен, а веќе седум кола нејзините фудбалери не знаат за победа. Таа има тешка задача да го спаси тимот од испаѓање.

На Имке не и е лесно да работи во машки фудбалски клуб, затоа што освен што треба да спрема тактика, да ги дисциплинира момците мора да одговара и на глупави прашања на новинарите.

Едно такво гласело дали играчите треба да облечат гаќи пред таа да влезе во соблекувалната. А Имке на прашањето одговорила со сарказам и предизвика смеа.

Секако дека не треба да носат гаќи. Јас сум професионалец. Екипата ја составувам според големината на пенисот", изјави 30-годишниот тренер на чиј одговор се изнасмеаја присустните на прес-конференцијата.

Најново во Другата страна на спортот