повторно на работа

Ибра го „цепа" Халид среде Ел-Еј (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ одлучи да остане верен на ЛА Галакси, а на почетокот на подготовките за новата сезона, почна да се забавува во свој препознатлив „народен стил"...

објавено: 11 јануари 2019 - 09:30

После многу перипетии, и нагаѓања, кон крајот на минатата година одлучи да остане во Лос Анџелес Галакси.

Но одморот за легендарниот Швеѓанец со босанско потекло заврши, па „Ибра" мораше да им се врати на оние клупски обврски.
И не требаше многу за Златан да се „јави" директно од Ел-Еј.
Додека се облекуваше во соблекувалната тој го „пушти на најсилно" познатиот хит на еден од најпознатите босански пејачи на народна музика - Халид Бешлиќ.
Таа снимка на „Белграѓанка" ја постави на Инстаграм со една порака:
„Повторно на работа"... 

Најново во Другата страна на спортот