ШВЕЃАНЕЦОТ НАВИСТИНА НЕМА ГРАНИЦИ

Ибра: Да дојдев во САД пред 10 години, сега ќе бев претседател на земјата!

„Во Америка имаат среќа што не дојдов тука пред 10 години“, објаснува Златан

објавено: 22 јули 2018 - 19:20

Нивото на самодоверба кај Златан Ибрахимовиќ оддамна се знае дека е на највисоко ниво. Швеѓанецот секогаш тој самиот се смета дека е најдобар во се. Од пред неколку месеци Ибрахимовиќ направи трансфер во Лос Анџелес Галакси и за прв пат заигра во САД. Од тогаш, тој е главна ѕвезда во „градот на ангелите“. 

Популарниот Ибракадабра блеска на теренот и досега во 15 меча има дадено 12 погодоци. Освен на теренот, тој прави шоу и надвор од него. Последната легендарна изјава на Златан е поврзана со политиката во САД, односно со претседателски избори.

„Не знам дали фудбалот во САД се промени по моето доаѓање. Јас едноставно си ја вршам работата. Во САД имаат среќа што не сум дошол тука пред 10 години. Ако се случеше тоа, сега сигурно јас ќе бев претседател на земјата“, вели секогаш самоуверениот Ибрахимовиќ.

 

Најново во Другата страна на спортот