МИСТЕРИЈАТА ОСТАНУВА

И ОФИЦИЈАЛНО: Полицијата не го убила Ханикат

Американскиот кошаркар Тајлер Ханикат не бил убиен за време на престрелката со полициските органи на ЛА, туку бил мртов пред тие да влезат во неговата куќа во Калифорнија.

објавено: 20 јули 2018 - 16:00

Медиумите прво информираа дека доскорешниот кошаркар на рускиот Химки страдал во судирот со полицијата откако поради психолошки проблеми се затворил во својата куќа.

Меѓутоа полицијата во Лос Анџелес веднаш соопшти дека Ханикат извршил самоубиство и дека е пронајден мртов.

Обдукцијата го потврдила полицискиот извештај, со заклучок дека Ханикат се убил пред доаѓањето на органите на редот и на мирот во ЛА, отако си пукал себеси во главата.
Во меѓувреме, мајката на несреќниот кошаркар изјави дека нејзиниот 27.годишен син во последно време се однесувал чудно, а тврдеше дека бил убиен од страна на полицијата.
Ханикат имаше добра европска кариера која ја подели со играње во андолу Ефес, израелскиот Ирони, секако и Химки, додека во оној НБА сегмент, беше дел од Сакраменто Кингс.

Најново во Другата страна на спортот