НОТС КАУНТИ МУ ЈА ИСПОЛНИ ЖЕЛБАТА

И на 94 години знае да шутне пенал (ВИДЕО)

Во фудбалските лиги на Англија доста често се случуваат интересни работи. Така беше и овој викенд во Нотингем, на теренот на еден од најстарите клубови на светот, Нотс Каунти...

објавено: 2 октомври 2018 - 11:00

Сега четврттолигаш, Нотс Каунти е клуб кој е основан уште во 1862 година, реши да му ја исполни животната желба на својот 94 годишен навивач, Рој Прентис.

Старецот кој се наоѓа на болничко лекување поради деменција изрази желба да шутира пенал на теренот на својот омилен клуб, што и му е исполнето.
Спикерот на стадионот „Медоу Лејн" на полувремето од мечот против Кри, го најави господинот Прентис како голем навивач на Нотс Каунти. На кој една од последните желби пред смртта била да се појави на тревата и да изведе удар, барем еднаш од белата точка.

„Тоа беше преубав момент. Бешр многу емотивно. А заедно со Рој беше и неговото семејство"- рече еден од функционирите на Нотс, Алис Кирк.

Гест за секоја почит! 

Најново во Другата страна на спортот