ИРЕЦОТ БЕШЕ ВООДУШЕВЕН ОД ПОКАНАТА

И МЕКГРЕГОР ВО МОСКВА: Дојде по „фотка" со Путин

На финалето на Светското првенство во Москва беше и еден од најпознатите борци во ММА, Конор Мекгрегор, и тоа како гостин на првиот човек на Русија!

објавено: 16 јули 2018 - 16:15

Ирскиот борец Конор Мекгрегор уживаше во борбата помеѓу Франција и Хрватска, но делува дека поради „селфито" кое го подели на Инстаграм, му е посебно драго што бил дел од спектаклот на стадионот „Лужњики" во Москва.

„Денеска бев повикан на финалето на Светското првенство како гост на рускиот претседателот Владимир Путин. Овој човек е еден од најголемите лидери на нашето време и бев почестен да присуствувам на еден таков настан заедно со него. Денеска ова беше посебна почест за мене господине Путин. Благодарам и честитам на прекрасното Светско првенство"- напиша Мекгрегор на својот профил.

Најново во Другата страна на спортот