ИАКО ПРАВИ СЕ, НЕКОЈ НЕ ГО САКА

И да освоиш титула, ќе останеш хрватска гнаса, му порачаа Мостарци на Модриќ

Најдобриот хрватски фудбалер, Лука Модриќ веќе некое време има графит во Мостар, изготвен од фановите на Зрински за кого настапуваше на почетокот на неговата кариера. 

објавено: 3 јули 2018 - 14:50

Во моментите кога Лука Модриќ игра одлично во дресот на Хрватска на Светското првенство во Русија, која се пласираше во четвртфиналето, некој доби идеја да го уништи неговиот графит. 

„И да донесеш светска титула, ти ќе останеш хрватска гнаса. Го.мно мало“, стои на графтитот. 

Капитенот на Хрватска порано беше на тапет на тамошната јавност бидејќи застана во одбрана на Здравко Мамиќ за време на судењето.

 

Најново во Другата страна на спортот