Најнеобичниот стајлинг на ФИФА наградите

ХИТ: Елечето на Идрис Елба со фотки на Саутгејт (ФОТО)

објавено: 25 септември 2018 - 18:00

Еден од моментно најпопуларните и најплатените актери во Британија, Идрис Елба, на гала-манифестацијата на ФИФА одржана во Лондон на која беа врачени наградите за најдобрите од минатата сезона, се појави во интересна модна комбинација. Актерот ја носеше, можеби, најекстравагантната облека на церемонијата.

Водителот беше облечен во црн костум, но кога на сцена се појави селекторот на англиската фудбалска репрезентација, Герет Саутгејт, Елба го соблече сакото и под него излезе уникатниот елек изработен од фотографии на Саутгејт од СП во Русија.

За време на Мундијалот, Саутгејт беше топ-тема во медиумите поради необичниот стајлинг со кој се појавуваше на клупата на репрезентацијата на „Гордиот Албион".

Најново во Другата страна на спортот