беше голем фан на тимот од далмација

Хајдук не заборави да се прости од Оливер Драгојевиќ

Тага на стадионот „Пољуд“, откако утрово беше јавено дека во болницата во Сплит починал легендарниот пејач

објавено: 29 јули 2018 - 13:15

Тага на стадионот „Пољуд", откако утрово беше јавено дека во болницата во Сплит починал легендарниот пејач, Оливер Драгојевиќ. Тој беше голем навивач на Хајдук, кој не го заборави и му оддаде последна почит. 

Драгојевиќ со децении беше докажан навивач на Хајдук. Пред многу години објасни колку многу го сака овој клуб. 

„Јас сум еден од најверните навивачи на Хајдук. Потешко ми паѓа негов пораз, отколку јас да поминам лошо на некој од фестивалите“, рече пред повеќе од 40 години, Оливер Драгојевиќ.

Пејачот често можеше дасе забележи на годишните прослави на клубот, а беше дел и од големата прослава по повод 100-годишнината на Хајдук. 

„На градот Сплит и на Далмација посвети многу песни. Посебно го сакаше Хајдук. Беше дел од навивачкиот пулт и затоа со право може да се каже дека беше еден од нас. Никогаш нема да го заборавиме“, стои во писмото од Хајдук. 

Најново во Другата страна на спортот