ШОК ЗА ФУДБАЛЕРОТ НА ХОФЕНХАЈМ

Грабеж во домот на репрезентативец на БИХ: Украдени Порше Карера и скапи часовници!

објавено: 8 јули 2014 - 10:57

Сеад Салиховиќ, репрезентативецот на Босна и Херцеговина и фудбалерот на Хофенхајм, доживеа голем шок. Имено, крадци влегле во неговиот дом и му го украле скапиот авбтомобил Порше Карера 4С.

„Да, вистина е. Крадци ми влегоа во домот. Јас не бев дома“, потврди Салиховиќ, чија изјава ја пренесува германски „Билд“.

Според полициските извештаи, засега непознати лица провалиле во домот на Салиховиќ, а потоа биле украдени неколку скапоцени предмети, меѓу кои имало и неколку квалитетни часовници.

Потоа крадците се упатиле во гаражата на Салиховиќ, а од таму го украле скапото Порше Карера 4С. Материјалната штета се проценува на десетици илјади евра, а вредноста на автомобилот изнесува околу 100 илјади евра.

Најново во Другата страна на спортот