Бизарна причина за отказ

Го избркале зошто бил подобар од другите во тимот

И тоа се случува ако си многу добар во погрешна лига

објавено: 4 септември 2018 - 21:30

Рускиот кошаркар Глеб Бејгелзимер кој имаше уреден договор со рускиот кошаркарски клуб Чебокарски Јастреби, член на руската трета дивизија, на својот Инстаграм профил објави дека не може да му се изначуди на раководството на клубот за одлуката да го отпушти од екипата.

„Искрено, прво и јас не ги разбирав што ми зборуваат, но потоа ги прашав отворено да ми кажат која е причината поради која ме отпуштат. Тие ми рекоа дека нивото на мојата игра е многу повисоко од остатокот на тимот и дека треба да си најдам посилен клуб", вели кошаркарот.

Бејгелзимер има 31 година и во неколку наврати бил прогласуван за најдобар кошаркар во руската трета дивизија.

Најново во Другата страна на спортот