светскиот првак има далеку од светски услови за сместување

Германците не може да поверуваат каде се сместени (Видео)

Ако пред четири години во Бразил беа сместени во хотел со пет ѕвезди и имаа поглед на океанот, сега во Русија е сосема спротивно

објавено: 15 јуни 2018 - 09:00

Германците не можат да поверуваат какво место одбрале за да имаат како база во Русија, за време на Мундијалот. Светските прваци одбраа да бидат во Ватутинки. Тоа е рурарно место кое има околу 12.000 жители и воопшто не личи да биде база на актуелниот светски првак, констатираат германските медиуми. 

Колку за споредба, пред четири години, Германците во Бразил беа сместени во хотел со пет ѕвезди, а имаа поглед на џунглата и на океанот. Сега немаат ни приближно таков луксуз. Селекторот Јоаким Лев сместувањето го спореди со спортско училиште, а Тони Крос имаше интересен одговор, велејќи дека можеби изгледа како уличиште за спорт, но тие и таму се дојдени токму за спорт. 

„Мислам дека се ќе биде во ред. Можеме во мир да го поминуваме слободното време, а имаме и да одбереме две-три активности“, вели Крос.

Оценката за луксуз за сместување на германската репрезентација доби оценка НУЛА. Еве дел од „атмосферата“ во местото каде се сместени светските прваци.

Најново во Другата страна на спортот