ШТО НЕМА ДА ВИДИШ

Фудбалски клуб потпиша со лавче (видео)

Мексикански клуб се надмина себе си и потпиша договор со лавче по името Самбу

објавено: 14 декември 2018 - 13:11

Во барањето на начини да се биде интересен и да се привлече внимание фудбалскиот клуб Леон се пофали со својот нов член на семејството. Мексиканскиот клуб потпиша договор со Самбу, лавче кое туку што се роди во локалната зоолошка градина.

Самбу всушност го доби името по Рубенс Самбуеза, аргентинскиот играч кој е во процес на потпишување на договор со ФК Леон по две години поминати во локалниот ривал Толука.

Самбу е нов член на фудбалскиот клуб Леон (во превод Лав), а клубот спреми и договор (потпишан со шепа) и се обврза да се грижи за животното кое ќе биде вратено во зоолошката градина, а во иднина ќе преставува маскота на клубот.

 

Најново во Другата страна на спортот