немили сцени на прославата за титулата освоена на сп 2018

Французите полудеа и се судрија со полицијата (Фото)

Полицијата мораше да реагира за да се воспостави ред во центарот на Париз

објавено: 16 јули 2018 - 10:49

Илјадници навивачи излегоа на улиците во Париз и останатите градови, за да ја прослават титулата освоена на Светското првенство во Русија. Франција е новиот фудбалски првак, откако со 4:2 славеше против Хрватска во финалето на Мундијалот. 

По мечот, славјето за трофејот се претвори во улична борба меѓу полицијата и разулавените фанови. Вандалите кршеле дури и излози во продавници, за да може да земат алкохол и да продолжат да слават. Тогаш се вклучила полицијата и се случил хаос, но за среќа нема најави дека има некој посериозно повреден. 

Најново во Другата страна на спортот