Пејачот ја испеа химната на „романтичарите“

ФК Работнички: Почивај во мир, Влатко Илиевски

Познатиот пејач кој денеска беше пронајден мртов, беше голем љубител и поддржувач на фудбалот и на тимот од „Дебар Маало"

објавено: 7 јули 2018 - 15:45

Познатиот пејач Влатко Илиевски кој денеска беше пронајден мртов, беше голем љубител и поддржувач на фудбалот и на тимот од „Дебар Маало". По веста за неговата смрт, се огласија и од тимот на Работнички.

„ФК Работнички изразува искрено жалење за прерано згаснатиот живот на нашиот верен фан и голем пријател на клубот, Влатко Илиевски. Тој секогаш ќе остане еден од нас, а навивачката клупска химна која е негово дело, ќе не потсетува на прекрасниот глас на Влатко.

ФК Работнички искажува сочувство до семејството, најблиските роднини и пријатели и сочувстува со загубата, затоа што Влатко Илиевски беше „романтичар" во душа.

Почивај во мир, Влатко Илиевски“

Најново во Другата страна на спортот