СРАМ ЗА ЈАПОНИЈА

Фатени со проститутки, па избркани од тимот

Јапонски кошаркари добија „шут карта“ од тимот за Азиските игри откако биле видени како ангажираат проститутки во Индонезија

објавено: 20 август 2018 - 16:45

Четворица членови на кошаркарската репрезентација на Јапонија биле испратени дома од страна на Јапонскиот олимписки комитет поради скандалот кој го предизвикаа за време на Азиските игри. Тие биле „уловени" на видео како им плаќаат на проститутки во Џакарта главниот град на Индонезија.

Кошаркарската федерација ги кажа и имињата на играчите кои и донеле срам на Јапонија на турнирот, а тоа се Јуја Нагајоши, Такуја Хашимото, Такума Сато и Кеита Имамура. Од Федерацијата изјавија дека тие сами си го платиле летот за дома.

„Тие треба да се пример за помладите. Со своето однесување и нанесоа срам на Јапонија. Јас искрено се срамам од моите момци. Затоа длабоко им се извинувам на јапонскиот народ и на сите што се почуствуваа навредени", изјави шефот на делегацијата Јасухиро Јамашит

Најново во Другата страна на спортот