ИМА И ТАКВО РАНГИРАЊЕ

„Ефектот Роналдо" – Реал остана без еден милион следбеници

Заминувањето на најдобриот фудбалер на Реал Мадрид во Јувентус се почувствува, и тоа како на социјалните мрежи на „кралскиот клуб"...

објавено: 13 јули 2018 - 10:30

Како што пренесува „Ас", од објавувањето на информацијата дека португалскиот репрезентативец потпиша договор со „Старата дама", од Твитер апликацијата на Реал Мадрид се „одјавиле" скоро еден милион корисници.

Пред трансферот на Роналдо во Јувентус, мадридистите имаа 31.97 милиони следбеници на Твитер, а после неговото заминување, таа бројка се „симнала" на 31.милион.
Во меѓувреме, клубот од Торино на таа социјална мрежа го прифатиле 1.1 милион луѓе што е зголемување за скоро 20 проценти.

Сепак, и покрај вака високиот „одлив" на претплатници, Реал Мадрид и понатаму е најпопуларниот клуб на Твитер.

Најново во Другата страна на спортот