И ТРЕТА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА

ДРАМА ЗА ХРВАТСКИОТ ФУДБАЛЕР: Семејството повеќе не може да ми помогне! (ВИДЕО)

Некогашниот репрезентативец на Хрватска, Иван Класниќ поминува низ вистински пекол.

објавено: 22 септември 2018 - 13:30

Некогашниот репрезентативец на Хрватска, Иван Класниќ поминува низ вистински пекол.

Во 2005 година му беше откриен проблем со работата на бубрегот, кој мораше да биде трансплантиран, и од тој момент се тргна надолу во неговиот живот...

Зад поранешниот напаѓач на Вердер и на Болтон се три трансплантации на бубрег, од кои првата беше во 2005 година. Тогаш го доби органот од својата мајка, но пресадувањето беше неуспешно.
Истата ситуација се повтори и со бубрегот кој го доби од неговиот татко.
Минатата година му беше пресаден бубрег од личност со која не е во роднинска врска, но Класниќ и понатаму не е потполно здрав, туку има се повеќе неизвесност околу него.

"Колку овој бубрег ќе издржи, само небото знае. Едно е сигурно, Никој од семејството повеќе не може да ми помогне"- искрено порача Класниќ за германскиот „Велт".

На почетокот на фудбалската кариера, Класниќ играше во локалниот Сент Паули во втората Бундеслига. Во Вердер премина во 2001 година, а во првата екипа заигра како што треба две годони подоцна. Односно после тешката повреда на коленото која го одвои од теренот.
Таму стекна статус на голгетер, но во репрезентацијата долго време беше во втор план.
Така и остана се до моменто кога се појавија овие неверојатни проблеми за него.

Најново во Другата страна на спортот