ЛУД И СКАП ПРОВОД ВО ЛОНДОН НА НАЈДОБРИОТ

Додека Роналдо порачува вино од 30.000 евра, Георгина „цепа" пивце во најлуксузниот ресторан (ФОТО)

Се има, се може...

објавено: 15 ноември 2018 - 14:50

Кристијано Роналдо доби неколку дена одмор, па одлучи со семејството да поужива малку во убавините на Лондон.

Португалецот се реши да ја изненади своја преубава вереница Георгина, па ја изведе во еден од најлуксузните ресторани во престолнината на Велика Британија.

Со оглед на тоа дека англиските таблоиди во чекор го следат славниот фудбалер, веднаш дознавме и што јаде, што пие и колкава беше сметката.
Во елитниот јапонски ресторан Роналдо порачал две шишиња вино „Ришебург Гранд Кру"и „Померол Петрус" кои важат за едни од најскапите во светот.

И ги плати со неверојатни 30.000 евра!
И додека Кристијано заедно со пријателите „пиеше" скапоцено вино, неговата Георгина се одлучи за една далеку поскромна варијанта.

Нарача едно познато јапонско пиво „и „потегна" директно од шишето.
Интересно е дека ова пиво не чини повеќе од пет евра!!!

Најново во Другата страна на спортот