Шкотскиот фудбалер Џони Расел, кој игра за Спортинг Канзас Сити во МЛС, беше главната приказна во САД во изминатиот викенд, откако и го разубави роденденот на едно деветгодишно девојче.
Слатката навивачка на тимот од Канзас Сити, за сите 90 минути од овој меч држеше еден мал транспарент со натпис: „Џони Расел, го славам деветтиот роденден".
А Расел, кој во 89 минута од играта го постигна последниот гол на овој меч (победа од 3:0 против Портланд), после истекот на последната, ја прескокна оградата, влезе на трибините, и дојде до девојчето. Ја прегрна, а потоа го соблече дресот, го подаде до пресреќното девојче, и ја бакна како честитка за роденденот.
„Малечката" од среќа дури и се расплака, цврсто ја стисна маицата на Расел кон себе, како спомен кој дефинитивно никогаш нема да го заборави во својот живот.
For 90 minutes, she held a sign that read: "Johnny Russell, it's my 9th birthday!"
— Sporting KC (@SportingKC) August 19, 2018
Then, this. pic.twitter.com/GRJB5nGQMX