СПАСЕНИТЕ МЛАДИ ФУДБАЛЕРИ ЈА КАЖАА ПРИКАЗНАТА

Децата едногласни: Не можевме да веруваме дека дојдоа спасувачи

Тренерот и 12 млади фудбалери кои поминаа 10-тина дена заробени во пештерата, беа спасени, а сега раскажуваат низ што поминале во тој период

објавено: 18 јули 2018 - 14:32

Тренерот и 12 млади фудбалери кои беа спасени од пештерата во Тајланд, раскажуваат за страшното искуство кое го преживеаа. Децата кои се на возраст од 11 до 16 години, заедно со својот тренер влегле во пештерата во која било забрането шетање, поради надојдената вода од монсуните. 

По повеќе од 10 дена потрага, децата беа најдени, а во акцијата за спасување која траеше три дена, сите ббеа извлечени живи и здрави. Единствено настрада еден од нуркачите кои беше таму за да ги спаси.

Сега на пресконференција децата одгговараат на прашањата кои стигнуваат од целиот свет. 

Зошто влеговте во пештерата?

„Сите се сложивме дека треба да влеземе внатре. Никогаш никој од нас не бил во пештера и сакавме да видиме како е. Наеднаш видовме дека водата е надојдена и пробавме да се вратиме, но тогаш сфативме дека сме заробени. Не знаевме колку е потопен патот и не сакавме да ризикуваме. Не е точно дека децата не знаат да пливаат. Сите се пливачи, бидејќи по фудбалските тренинзи имаат активности на базен“, вели тренерот Аке, кој беше одговрен за сите 12 деца. 

Најважно од се било тоа што ниту едно од децата не паничеле. Сите верувале дека наскоро водата ќе се повлече и ќе дојде некој да ги спаси. Се стационирале во близина каде што имало извор на вода, за да може да пијат. 

Дали некогаш повторно би се вратиле во пештерата?

„Можеби, но со професионален водич“, вели едно до децата, но друго потврдува дека никогаш не би влегло повторнов о пештерата. Трето од децата дополнува дека додека бил заробен се сетил дека ја нема напишано домашната задача за во училиште. 

Какви се вашите соништа?

„Сакам да бидам фудбалер“, вели едно од децата, а потоа уште неколку се надоврзаа дека нивната желба е да станат фудбалери.

Сите деца и тренерот се чувствуваат виновни за смртта на нуркачот кој го загуби животот додека тој се обидуваше да помогне во нивното спасување. Едно од децата вели дека од сето ова научил само едно „Да бидам добра личност кога ќе пораснам“, рече детето. 

Најново во Другата страна на спортот