БУРА ПОРАДИ „СЕКСОТ СО СТРАНЦИ"

ДЕБАТА ВО КОЈА СЕ ВКЛУЧИ И КРЕМЉ: „Со кого Русинките можат да одат во кревет"?

Изјавата на претседателката на одборот на руската Дума за семејни прашање, Тамара Плетнова дека за време на Мундијалот Русинките не треба да имаат сексуални односи со странците, предизвика големи полемики.

објавено: 16 јуни 2018 - 10:30

Прво во руската јавност, а потоа и надвор од границите на земјата која е домаќин на Мундијалот.

Плетнова ја објасни оваа своја изјава со зборовите дека сексот со странците на Русинките би им донел низа на проблеми, непосакувано затруднување, грижа за децата без татко, па дури и можноста таткото-странец да го однесе детето во својата земја.

"Дури и ако се случат такви бракови после тие ситуации, девојкие не знаат како да се 'извлечат' од нив. Потоа ќе доаѓаат во мојата комисија, ќе плачат затоа што ќе им биде одземено детето, и така, понатака"- истакна Плетнова.

Таа потсетила на сето она што се случувало за време на Олимписките Игри во Москва во 1980 година.

„Порасна бројот на самохраните мајки, и тоа драстично"...

Нејзиниот коментар некои го подржаа, но некои пак дополнија дека една таква забрана е сепак, пресилна.
Потоа реагираа и од Кремљ, чиј портпарол Дмитриј Песков изјави:

„Русинките можат да одлучат самите за себе. Тоа се најдобрите жени на светот"...

Кремљ верува во Русинките, а со овој став сака да порача и дека го почитува нивното право самите да одлучуваат за својот сексуален живот.

Најново во Другата страна на спортот