бразилецот бил деконцентриран од трибините?

Дали Ријана е причината за слабата игра на Нејмар против Швајцарија (Фото)

Лавина од критики беа испратени на сметка на најдобриот играч на Бразил, по ремито против Швајцарија

објавено: 19 јуни 2018 - 08:30

Нејмар е еден од оние играчи кои разочараа со својот настап, по првото коло на Светското првенство во Русија. Најдобриот играч на Бразил делуваше многу себично на теренот на дуелот против Швајцарија, во ремито 1:1. Токму поради слабата игра, Нејмар беше цел на многу критики, посебно од бразилските медиуми, кои го нарекоа дека е арогантен и егоист. 

Дали токму ваквите пишувањат деа станал арогантен и егоист имаат врска со девојката која навиваше за Нејмар од трибините уште не се знае. На стадионот како верен навивач на Нејмар беше светски познатата пејачка Ријана. 

Таа дури во еден момент ја крена и маичката како поддршка за Нејмар. Дали Бразилецот солираше и сакаше да ги покаже своите индивидуални квалитети, без да мисли на тимот, има причина со тоа што Ријана беше на трибините, оценете самите.

Најново во Другата страна на спортот