НАЈЛУДАТА ФРИЗУРА ПРЕД СТАРТОТ НА СП 2018

Човек со две лица: Го ишиша ликот на Лионел Меси (Фото)

Голем обожавател на аргентинскиот виртуоз и на Барселона реши да направи луда фризура

објавено: 13 јуни 2018 - 22:00

Голем обожавател на аргентинскиот виртуоз и на Барселона реши да направи луда фризура и да покаже за кого ќе навива на претстојното Светско првенство во Русија. Храброто момче кое е од Србија реши на тилот од своата глава да се ишиша со тоа што ќе му биде направено лицето на Лионел Меси. 

Фризерот Марио Хвала од Нови Сад е познат по тоа дека на своите клиенти им ги исполнува сите желби за тоа како сакаат да им изгледа фризурата. Овојпат негов предизвик беше да го направи ликот на Лионел Меси, а според прикажаното, момчето е презадоволно од новата фризура. 

Најново во Другата страна на спортот