ЗАРЕМ МИСЛЕШЕ ДЕКА НЕМА ДА ГО ОТКРИЈАТ

Чешка фудбалска легенда во затвор поради порно реклами

Некогашниот чешки репрезентативец и поранешен член на Спарта Прага, Фиорентина, Вест Хем Томаш Репка е осуден на затворска казна од шест месеци затоа што поставувал порно реклами со името на поранешната сопруга

објавено: 24 август 2018 - 10:35

Репка доби затворска казна поради тоа што поставил три лажни порно снимки од својата поранешна сопруга Владка Ербова. Од одмазда одлучил да пушти три порно реклами на интернет во кое се појавува нејзиното име што воедно и предизвика проблеми на Владка.

Таа одлучи да покрене тужба која потоа се развлече на суд и на крајот е востановено дека Репка е виновен и заврши во затвор, а неговата сегашна девојка, новинарката Катерина Кристелова е казнета со 2.000 евра за соучесништво.

Репка кој сега има 44 години не му е прв пат да има проблеми со законот. Претходно е казнуван поради возење во пијана состојба и поради тоа што не плаќал алиментација.

Најново во Другата страна на спортот