И ТОА ГО ИМА НА ОВИЕ ПРОСТОРИ

Браќата Драгич беа на гости кај Додик, во Словенија беа остро нападнати поради дружбата

Словенечките кошаркари, Горан и Зоран Драгич пред неколку дена боравеа во Бања Лука, каде меѓу другото, претседателот на Република Српска, Милорад Додик им врачил посебни државни одликувања.

објавено: 22 август 2018 - 10:00

На најпознатите словенечки кошаркарски браќа, Додик им доделил одликување „Његош од прв ред", и медали за заслуги на народот.

А сето тоа наиде на бурни и пред се негативни реакции во словенечките медиуми и јавност.
Најпрво, Мирза Бегич, кој со браќата Драгич настапуваше заедно за тимот на „змаевите" целата приказна ја прокоментира со еден збор„ страшно".
Но и тоа не е ништо посебно во однос на она што можеше да се прочита на социјалните мрежи. Едноставно, браќата Драгич беа соочени со бројни осуди и критики.
Сепак, за словенечките медиуми, славните словенечки кошаркари одлучија да ја изнесат својата страна на приказната, и да објаснат како всушност дојдоа до Бања Лука.
Пред неколку месеци, како што кажаа, биле известени дека добиле признание за своите хуманитарни, духовни, културни и спортски заслуги.

„Сакаме да отфрлиме се што има политичка позадина. Покажавме дека сме против било каков национализам затоа што сме воспитувани, сме научени да почитуваме и да го цениме секој, и уште еднаш сакаме да се дистанцираме од целата приказна. Не сме умешани, ниту поврзани со политиката, особено не со онаа од подрачјето на поранешната заедничка држава " - порачаа браќата Драгич.

 

Најново во Другата страна на спортот