ШЕГАТА ЈА ОСТАВИ НА СТРАНА

БОЛТ Е ВО АВСТРАЛИЈА: Ова е вистина, жими се!

Легендарниот атлетичар од Јамајка денеска стигна на „зелениот континент" каде ќе проба да ја стартува својата вистинска фудбалска кариера...

објавено: 19 август 2018 - 16:52

Усеин Болт е веќе во Австралија. Легендарниот спринтер, и осумкратен освојувач на златен медал од Олимписките игри, како што најави и пфицијално по пристигнувањето, во наредниот период ќе тренира со Маринерс, клуб од Госфорд, Централ Коуст кој се наоѓа во држава6а Нов Јужен Велс.

Во клубот пак се надеваат дека Болт ќе биде подготвен да заигра во „А" лигата за период од само три месеци какво „работно време" му понудија на почетокот на сезоната 2018/2019.

„Реков дека сето ова е вистина. Не се шегувам. Овде сум за да покажам што се навистина можам" - рече Болт по доаѓањето на аеродромот каде го сочекаа медиумите и една група на навивачи.
„Знам за што сум способен, и знам што можам да направам. Па така, ова е вистинска прилика за тоа".

Својот прв тренинг во новито клуб, најбрзиот човек на планетата ќе го одработи во вторник, кога ќе го слави својот 32.роденден.

Најново во Другата страна на спортот