ПРЕСМЕТКА НА ФИЗИЧАРИ

Болт е доволно брз за да - полета!

Брзината на Болт е била доволна за да може да полета со помош на специјално одело на најголемиот сателит на Сатурн, Титан.

објавено: 6 март 2014 - 14:24

Јусеин Болт е доболно брз за да може да полета, и овој заклучок не е плод на фантазија на некој обожавател на јамајканскиот спринтер, туку заклучок од најновото научно истражување.

Јамајканецот Болт е најбрзиот човек на Земјата, светски рекордер на 100 и 200 метри, а на своите спринтови Болт разви брзина од 12,27 метри во една секунда. Според студентите на Универзитетот Лестер во Англија, брзината на Болт би му била доволна за со помош на специјално одело за летање би можел самостојно да полета на најголемиот сателит на Сатурн, Титан.

Според оваа теорија, на Болт не би му бил потребен никаков дополнителен погон, туку доволна би му била само неговата брзина за да полета. Ова го пресметале студентите на катедрата за физика, а резултатите од истражувањето ги објавија во годишниот магазин кој го издава универзитетската катедра за физика и астрономија.

„Прочитав доста тврдења дека Болт би можел да лета на Титан, но никој тоа го немаше докажано. Навистина се чини возбудливо тоа што Болт може да лета со помош на својата брзина“, изјави Хана Милс, член на истражувачкиот тим.

За да ја пресметаат брзината потребна за полетување, студентите ги зеле во предвид, густината на воздухот на Титан, забрзувањето поради гравитацијата, просечната површина на крилото за летање (околу 1.4 метри квадратни) и струењето на воздухот.

Најново во Другата страна на спортот