ХОЛИВУД Е ТОА

„Бобинатор" го патосираше Џон Вик (ВИДЕО)

Ако скоро ја заврши кошркарската кариера, горостасниот српски и центар на ЛА Клиперс комотно може да остане во Лос Анџелес, и да снима акциски филмови...

објавено: 18 јануари 2019 - 10:00

Бобан Марјановиќ го сонува својот американски сон. Српскиот кошаркар можеби не се изнаигра во НБА лигата, но затоа пак заигра во еден холивудски филм!

Имено, објавен е трејлерот за филмот „Џон Вик – трето поглавје" во кој лично се појавува и „Бобинатор".
Во филмот глумат светски ѕвезди како Киану Ривс и Хали Бери.
А Боби има улога на убицец, и за сега може да се види само во една сцена во која го напаѓа главниот лик Џон Вик (Киану Ривс), во сцена во која со нога го удира во гради и го фрла долу на подот...

 

Кога ќе одлучи да ја заврши кошаркарската кариера, 226. сантиметри високиот Србин ќе може да гради нова – филмска, и тоа директно во Холивуд.

Во изминатите неколку години од престојот во САД, Марјановиќ беше дел од екипите на Сан Антонио Спарс и на Детроит Пистионс, а сега, иако малку, игра и за ЛА Клиперс.

Најново во Другата страна на спортот