И ТОА ГО ДОЧЕКАВМЕ

БИЛЕ И ПРЕМНОГУ СЕКСИ: Спарс ги отпуштија своите чирлидерки, шокираните фанови се бунат (ВИДЕО)

Челните луѓе на Сан Антонио Спарс донесоа одлука која разочара голем број од машката популација присутна на нивните натпревари во „Аламо домот".

објавено: 23 мај 2018 - 17:40

Управата на клубот од Тексас одлучи да ги отпушти чирлидерките, а оваа вест, јасно е, наиде на неодобрување и бурни коментари на навивачите на Спарс.

По овој потег, стана јасно дека по цели 26.години, „мамузите" ќе немаат танчерки, кои во паузите на мечевите во нивниот „Аламо Дом" ги анимираа навивачиоте.
А сето ова да звучи помалку без врска, е причината – БИЛЕ ПРЕМНОГУ СЕКСИ!

Во овој клуб сметаат дека на публиката и е потребна малку поинаква забава, која е прифатлива и за семсјствата, што, сметаат во редовите на НБА лигашот, „сребрените танчерки " воопшто не се.
Во наредниот период, клубот ќе ја анимира публиката на еден поинаков начин, а својот суд, веднаш по оваа неочекувана одлука, го изнесоа и навивачите.
На социјалните мрежи негодуваа поради една ваква одлука, и испратија барање чирлидерките да се вратат во Арената.

 

 

Најново во Другата страна на спортот