ОДЛИЧНА ИДЕЈА

Бесплатно пиво за сите кога Нејмар..(Фото)

Еден бразилски паб со интересен потег, сето тоа во корист на маркетингот и добрата атмосферата по повод Светското првенство.

објавено: 25 јуни 2018 - 14:43

Имено, тие одлучија секој пат кога Нејмар ќе реализира на натпреварот против Србија, ќе поделат бесплатно пиво на сите кои се во пабот во тој момент.

Ако Нејмар се наоѓа во голгетерска форма како и во претходните мечеви, нема сомнение дека сите задоволни ќе си заминат од локалот и литрите бесплатно пиво.

Во групата Е после првите две кола водат Бразил и Швајцарија со по четири бодови, три има Србија, а последна е Костарика. Дуелите од третото коло се в среда, во Москва силите ќе ги одмерат Србите и Бразилците, а во Нижњи Новгород Швајцарија и Костарика.

 

Најново во Другата страна на спортот