НАПАЃАЧОТ НА МИЛАН УЖИВА ВО МАЈАМИ

Балотели си тера по свое, не може без цигари (ФОТО)

објавено: 7 јули 2014 - 16:24

Марио Балотели не е премногу загрижен за неуспехот на Италија на Светското првенство во Бразил, како ниту на прозивките на првиот човек на Милан Силвио Берлускони. Сопственикот на Милан се жалеше дека не може никому да го продаде, по неговото бледо издание во репрезентативниот дрес.

Корпулентниот напаѓач на „росонерите“ моментално е на одмор со девојата Фани Негуша во Мајами. Судејќи според фотографиите на Дејли Мејл, Балотели си се препуштил во големи уживања. Па така, фоторепортерите го фатија во моментот кога пушеше цигара на терасата, а воопшто не се ни трудеше да се сокрие од љубопитните лица.

Во текот на ланската сезона Балотели беше казнет од страна на Милан бидејќи беше фатен со цигара во воз, а се чини сепак не успеал да се одвикне од старите навики.

Во секој случај, тој се забавуваа во Мајами, се дружи во обожавателите и воопшто не им обрнува внимание на критиките, но делува и воопшто незаинтересирани околу прашањето за неговата иднина. За тој дел од неговата кариера задолжен е агентот Рајола, а како што пренесуваат англиските и италијанските медиуми, голема е веројатноста да се врати во Премиерлигата, поради тоа што за неговите услуги постои голем интерес од Арсенал и Ливерпул.

Најново во Другата страна на спортот