третиот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ

Александар Гоцев од Богданци е најновиот милионер

Дваесет и петгодишниот студент во Германија, стана сопственик на најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка на Државна видеолотарија на РМ. Неговата добивка е вредна 1.462.511,00 денари. МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивката е освоена на 09.11.2018 во Спорт Лаиф Трејд во Богданци.

објавено: 9 ноември 2018 - 12:41

Во просториите на Државна Видеолотарија пристигна третиот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добитник за месец ноември. Александар Гоцев е 157 играч кој освоил МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ. Неговата добивка е вредна 1.462.511,00 денари. Ги освоил токму на полноќ, забавувајќи се на видеолотариските терминали во Спорт Лаиф Треид во Богданци.

Во Државна видеолотарија на РМ по чекот на добитниот износ, младиот студент Александар, пристигна во друштво на неговиот татко. Скромен и срдечен, ја сподели со нас својата среќна приказна. Тој, татко му и неговиот брат, често се забавуваат на видеолотариските терминали. Неколку пати имале среќа да се радуваат на МИНИ ЏЕК ПОТ добивките.
МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивката вистински го изненадила, посебно затоа што не ја очекувал. Претходниот ден го славел роденденот на неговиот брат, па среќниот ден првично одлучил да остане дома. Вечерта, својата одлука ја изменил, излегол да се забавува, па се упатил во Спорт Лаиф Трејд.
Освоените 1.462.511,00 денари од МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ, не брза да ги потроши веднаш. Најверојатно ќе си купи стан или ќе даде свој придонес во реновирањето на семејната куќа. Александар и во иднина планира да се забавува на видеолотариските терминали.

Џек Пот добивките, Државна Видеолотарија на РМ ги стартуваше на први јуни 2016. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. Досега под мотото „Играј за забава", освоени се 157 Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 233.345.930,00денари. Покрај нив, освоени се и 24.788 Мини Џек Пот добивки во вкупен износ од 156.154.466,00 денари. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 4 илјади до 5 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.800.000,00 денари.

Најново во Другата страна на спортот