НЕВЕРОЈАТЕН ТРОСПРАТЕН СТАН ВО ЛОНДОН

Абрамович не купува играчи, туку луксузни станови! (Фото)

Лондонските „сини" не беа многу активни на фудбалскиот пазар во последните неколку месеци

објавено: 3 август 2018 - 17:50

Но, нивниот сопственик дефинитивно беше активен, Роман Абрамович купи еден неверојатен троспратен стан во Лондон, што значи дека нема трајно да го напушти Обединетото Кралство.

Рускиот бизнисмен платил 30. милиони фунти за „пентхаус" на брегот на реката, со поглед на мостот Стемфорд.

Се разбира, станот на Абрамович е далеку најголем. Тој има прозорци од подот до таванот со панорамски поглед, од каде што може да го види својот проект за реновирање во вредност од една милијарда долари, што мораше да го стави на чекање поради визниот проблем.

Освен стан, Абрамович исто така купил подземни паркиралишта, по цена од 85.000 фунти по локација.

Најново во Другата страна на спортот