Технологијата оди напред

Систем на Ауди за препознавање на светлата на семафорот

За да може да функционира потребно е да има безжична врска

објавено: 11 март 2014 - 16:43

Производителите постојано наоѓаат начин за заштеда на гориво, а една од технологиите која може да ги сочува живците е новиот систем на Ауди за препознавање на светлата на семафорот.
Ауди веќе спроведува опсежни тестирања во Верона, Берлин и Лас Вегас а системот во основа користи локални податоци кои ги прима преку безжична мрежа. Во соработка со ГПС, системот дава информации кон возачот кога треба да успори или забрза, за да може да мине на раскрсница на зелено светло.

Доколку сопре на црвено светло, Ауди конект ќе пресмета за колку време ќе се вклучи зеленото светло, а потоа во вистинско време да се исклучи и вклучи моторот.

Најново во Автомобили