Французите најмногу работат на заштита на околината

Возилата на Renault испуштаат најмалку штетни гасови

објавено: 10 март 2014 - 20:06

Пред седум години просечната емисија на ЦО2 што ја произведуваа автомобилите во Европа била 158,7 г/км. Во 2012 година таа бројка паднала на 132 г/км. Од Renault се горди што можат да објават дека просекот на емисијата на штетни гасови од нивните модели во 2013 година е намален на 114,7 г/км.

Ниту еден европски производител неможе да се пофали со такви бројки. Во француската компанија се посебно горди на Clio Energi dCI 90 и емисијата на ЦО2 од само 83 г/км. Во однос на претходната генерација, испушта 18,5 грама на километар помалку штетни гасови.

Најново во Автомобили