КОНТИНЕНТАЛ РАЗВИВА НОВ СИСТЕМ ЗА КОНТРОЛА

Во иднина само со мрдање на прст ќе се контролираат системите во возилото

Германската компанија Континентал која е специјализирана во производство на гуми, сопирачки, автомобилска безбедност, мотори и уште некои други работи поврзани со автомобилската и транспортна индустрија направи решение кое ќе треба да ја зголеми безбедноста во текот на патувањето со тоа што возачот нема да мора да ги трга рацете од управувачот за да смени некои од системите.

објавено: 16 мај 2016 - 22:12

Само со поместување на некои од прстите, најчесто палецот ќе може да се смени некој систем, на пример да се изврши промени на борд компјутерот. Во моментов новиот систем препознава само четири различни гестикулации, кои се однесуваат на навигацијата, менување на апликацииите и музиката, одговарање на телефонски позиви и контрола на борд компјутерот.

Иновацијата на Континентал користи два провидни пластични панели без никакви електронски компоненти, кои се наоѓаат зад управувачот и можат да се контролираат само со палците на рацете. Специјален сензор инсталиран во таблата го отчитува секое движење што го претвора во своевидна команда и возачот управува со менито со мрдање на палците нагоре или надоле, и така го прави својот избор.

Во моментов овој систем неможе да се нарача, но на пазарот не постои нешто слично.

 

Најново во Автомобили