АМЕРИКАНСКОТО МАСЛО ЗА ПОДМАЧКУВАЊЕ СО ДРУГ ДИСТРИБУТЕР

Валволин нов член во семејството на Еуроимпекс

објавено: 9 март 2016 - 19:31

Покрај продажбата на нови автомобили од брендот Пежо, во Еуроимпекс постојат уште неколку други дополнителни брендови кои ја дополнуваат понудата на оваа компанија која веќе 26 години е дел од македонскиот пазар. Сега семејството на Еуроимпекс доби и нов член, американскиот бренд за масла за подмачкување – Валволин.

„Ова масло за подмачкување е по потекло американски бренд и годинава обележува 150 години постоење. Брендот е основан 1866 година и денес е присутен во 160 земји во светот. Пласманот на брендот за Европскиот пазар се одвива преку Ротердам од каде доаѓа директно на македонскиот пазар. Во Македонија бевме присутни повеќе години и продолжуваме со својот развој. Ја избравме компанијата Еуроимпекс да биде наш партнер. Избравме искусна и стабилна компанија со која имаме ист пристап и визија за понатамошниот развој на брендот. Јас верувам дека во иднина ќе имаме многубројни задоволни и лојални клиенти и дека ќе бележиме позитивни резултати." - изјави Бошко Шуковиќ, Регионалниот директот на Валволин.

Еуроимпекс е првата компанија во Македонија чие работење е насочено кон трговија со автомобили. Во своето 26 годишно работно искуство, бележи раст развој и успешно стопанисување не само во областа на автомобилите туку и со другите брендови кои ги застапува.

„Денес, компанијата свечено добива уште еден член во семејството и ја збогатуваме понудата во секторот за масла и акумулатори. Чест ми е официјализирам дека од денес Еуроимпекс го започнува пласманот на брендот Valvoline на пазарот во Македонија." – изјави Даниел Воиновски, Генерален директор на Еуроимпекс.
Секторот масла во Еуроимпекс, оваа година бележи свое 20-сет годишно постоење.

„Во Македонија работиме со над 220 комитенти, но фокусот на нашето работење постојано е крајниот потрошувач кој е основ на нашиот досегашен успех. Од денес, на наше големо задоволство ќе имаме проширена понуда на високо-квалитетните моторни масла Валволин, преку која ќе бидат задоволени барањата на купувачите на целата територија на Македонија." – изјави Зоран Мирковски, Директор на секторот масла во Еуроимпекс.

Најново во Автомобили