НОВА ПОНУДА ОД МАКПЕТРОЛ

Ултраматик - систем за автоматско препознавање на возилата при полнење гориво

За првпат во Македонија, Макпетрол презентираше нов систем за автоматско препознавање на возила, Ултраматик кој овозможува точно следење на извршените полнења во возилата и потрошувачка.

објавено: 18 април 2016 - 10:55

Со овој систем на сите компании кои имаат поголема флота на возила им се овозможува во секој момент да имаат информации каде, колку и кој извршил полнење на гориво, а притоа и безготовински да биде извршено плаќањето. Системот користи напредни технологии за брзо, функционално и транспарентно управување и известување, кој им овозможува на компаниите контрола на сите активности поврзани со полнењето на гориво во возилата од сопствената флота.

„Ултраматик претставува автоматски систем за полнење гориво кој вклучува и надворешно плаќање на наполнетото гориво во возилото преку електронско препознавање на возилото и конкретниот автомат за гориво на бензинската станица. Со вградувањето на овој систем преку приемниот безжичен уред за препознавање ќе им овозможиме на корисниците да добиваат во реално време податоци за тоа какво гориво е ставено во возилото, на која бензинска станица, во кое возило, точната количина на горивото и сметката за платеното гориво. Преку овој ситем клиентите ќе можат да управуваат со флотата, да вршат непосредна контрола на наточеното гориво во возилата како и да вршат on line плаќање", вели Зоран Доневски, директорот на дирекцијата за големопродажба.

Овој систем е инсталиран и јасно означен на 29 бензински станици, внимателно избрани од страна на Макпетрол за да им се овозоможи оптимален пристап на потрошувачи на цела територија на Република Македонија. Самите уреди се јасно означени така што возачите уште на самиот влез на бензинската станица имаат јасен патоказ.

 

Најново во Автомобили