ЈАПОНЦИТЕ ПОПУЛАРНИ НА СИТЕ СТРАНИ

Тојота продала над 9 милиони хибридни возила

Јапонскиот производител на автомобили Тојота продал 9,014 милиони хибридни возила заклучно со 30 април година, а последниот милион го „заработи" за само девет месеци.

објавено: 22 мај 2016 - 20:20

Лани „Тојота" го придодаде на семејството хибриди и моделот „сиена миниван" и ја почна продажбата на четвртата генерација на „тојота приус". На странските пазари, односно Кина, беше промовиран и моделот „корола" и „левин" исто така во хибридна верзија, а еколошна верзија доби и моделот РАВ 4.
Заклучно со април годинава, „Тојота" има 33 патнички возила и плаг-ин модели што ги нуди во повеќе од 90 земји во светот.
Планот на компанијата е годишната продажба на хибридни модели да биде 1,5 млиони возила, а до 2020 година вкупната продаден абројка да биде 15 милиони.

Најново во Автомобили