СПОРЕД ЦЕНЕТОТО СПИСАНИЕ ФОРБС

Тојота е највреден автомобилски бренд

Јапонска Тојота е на првото место според вредноста меѓу автомобилските компании на последното рангирање на списанието Форбс. Цената на Јапонците пораснала за 11 отсто, за само една година до 42,1 милијарда долари.

објавено: 17 мај 2016 - 14:33


Второто место е за БМВ , а третото за Мерцедес. Во првите 100 компании има 12 автомобилски производители. На таа листа во „топ -100" на последно место од автомобилската индустрија е Фолксваген со пад од пет отсто и вредност од 7,6 милијарди долари.

1 (6) Toyota 42,1 +11%
2 (14) BMW 28,8 +4%
3 (20) Mercedes-Benz 26 +16%
4 (23) Honda 25,2 +8%
5 (35) Ford 14,1 +12%
6 (36) Audi 14 +10%
7 (59) Chevrolet 9,8 +10%
8 (63) Lexus 9 +13%
9 (67) Porsche 8,3 +18%
10 (70) Nissan 8,2 +13%
11 (71) Hyundai 8,1 -4%
12 (77) Volkswagen 7,6 -5%

Првото место на листата на Форбс е Епл, втор е Гугл а трет Мајкрософт. Најголем раст има Фејсбук (+ 44 отсто), Нетфликс (+31 отсто) и Гугл (+ 26 отсто).

Најново во Автомобили