АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2016

Шкода суперб и БМВ Х1 ги добија наградите за автомобил на годината и СУВ на годината

објавено: 26 март 2016 - 17:59

Стилизираната маска на ладилник, која е симболот на наградата „Автомобил на годината во Македонија" на свеченост во Скопје ја доби моделот шкода суперб која ја доби наградата за 2016 година од страна на Националното жири за Избор на автомобил на годината во Македонија.
За СУВ на годината е избран моделот БМВ Х1, а посебен придонес во промоција на Македонија во регионот доби компанијата Еуроимекс.

Знаменосецот на Шкода веднаш по лансирањето на светскиот пазар ги освои симпатиите на бројните љубители на висококвалитетни автомобили, при што доби максимални пет ѕвезди од Euro NCAP, европска програма за оценување на нови автомобили. Освен што е апсолутен шампион во Македонија, новиот Superb го доби и значајното признание „Фамилијарен автомобил на годината" според престижниот автомобилски магазин AutoExpress, како и признанието „Автомобил на годината" според посетителите на најголемиот британски вебсајт за автомобили „WhatCar!".

Токму бројните иновации што ги нуди овој модел беа одлучувачки фактор за да ја добие поддршката на стручното жири. Членовите на жирито, како и изминатите години, својата одлука ја носат врз основа на веќе познатите критериуми, а тоа се адекватност и понуда на домашниот пазар, економичност и еколошка прифатливост, безбедност и примена на технолошки достигнувања, возни својства, дизајн, комфор и опременост на возилото.

Националното жири го награди баварскиот теренец БМВ Х1 со наградата СУВ на годината во Македонија пред се поради новитетите кои ги нуди, истакнувајќи го фактот дека ова е прв модел со изведба на преден погон, а неговата дизел изведба на пазарот се појавува со исклучителнo конкурентна цена.

Карактеристичниот BMW X1 е автомобил каде стилските карактеристики на концептот SAV (спортско активно возило) се сретнуваат со динамиката и атлетичноста на урбаниот начин на живот. Се карактеризира со моќно дефинирана силуета со долго меѓуоскино растојание и аеродинамична форма кои го зголемуваат возачкото задоволство. Ентериерот е од високо квалитетни материјали кој подржан со интиутивниот оперативен концепт ги третира своите патници на повисоко ниво. Идеалната комбинација на атлетски дизајн со компактни надворешни димензии, комфор, флексибилност, висока просторност и багажен простор заокружени со малата потрошувачка го прават BMW X1 идеален партнер за сите планирани патувања независно дали е во урбана или во off-road средина

Најново во Автомобили