НАЈУСПЕШНА ГОДИНА ВО 85 ГОДИШНАТА ИСТОРИЈА

Порше е „машина за пари“ - профитот е зголемен за 25 отсто

објавено: 12 март 2016 - 13:57

Фискалната 2015 година за Порше е една од најуспешните во нивната 85 годишна историја. Брендот бележи петта година по ред рекорди, во однос на продажбата и профитот, и тоа сега е 25 отсто повеќе во однос на 2014 година.

Ова е истовремено и прва целосна година од производството на моделот Macan кој стана хит кај купувачите.
Испораките се зголемија за 19 отсто, на повеќе од 225.000 возила во светот, додека компанијата го зголеми и бројот на вработени за 9 отсто, на 24.481 лице.

За 2016 година се предвидуваат уште подобри бројки затоа што во првите два месеци испораките се зголемени за повеќе од 14 отсто, односно за 35.000 возила во однос на истиот период лани.

Порше планира најголем дел од профитот да го искористи, и тоа од вкупно 2,15 милијарди евра, за развој и истражување. Голем дел од тие пари ќе се потрошат за сериската верзија на Mission E првото електрично возило што треба да се појави на пазарот до крајот на оваа декада.

 

Најново во Автомобили