РЕКОРДЕРОТ ВО ЕКОНОМИЧНОСТ ДОСТАПЕН ВО МАКЕДОНИЈА

Поголем и технички понапреден Mitsubishi Space Star

Три години по претставувањето на моделот во Европа и над 330.000 возила продадени ширум светот, во Македонија пристигна нов, со „освежен" изглед Mitsubishi Space Star кој неодамна имаше и своја европска премиера.

објавено: 17 март 2016 - 10:42


Во Европа досега се продадени 70.812 возила, а особен „хит" е овој модел на Mitsubishi меѓу купувачите во Германија, каде се продадени дури над 27.000 возила, потоа следуваат Холандија и Британија. Во Македонија Mitsubishi Space Star е исто така еден од најпродаваните возила во својот сегмент, поради исклучителната економичност, како и секогаш атрактивната понуда на односот вредност / квалитет на производ.

Од друга страна, новиот Space Star уште од самиот старт бележи голем успех во продажбата, поради атрактивниот дизајн, но и поради богатата опременост на возилото. Така на пример, уште во првото ниво на опременост, возилото ги нуди сите системи за безбедност ASC, TCL, EBD, BAS, 6 воздушни перничиња, систем за помош на нагорнини, висинско управување на возачко седиште и управувач, електрично задвижување на прозори и ретровизори, клима уред итн.

Ефикасност пред се:
Space Star овозможува висок степен на економичност, но и ниска емисија на CO2
• На располагање се два бензински мотори, едниот со зафатнина од 1.0 литар и моќност од 71 КС, додека поголемиот е со зафатнина од 1.2 литри и моќност од 80 КС. И двата мотори се опремени со MIVEC технологија, односно електронска варијабилна контрола на системот за вбризгување на гориво, како и со Auto Stop & Go системот за заштеда на гориво. На овој начин, комбинираната потрошувачка на возилото со зафатнина од 1.2 литри изнесува само 4,3 литри на изминати 100 км.
• Поседува технолошки напредната платформа
• Врвна аеродинамичност, со коефициент на отпор на воздух од Cd 0,27
• Намалување на вкупната тежина на возилото која изнесува 845 кг
• Рационално искористување на внатрешниот простор, каде просторот за нозе изнесува дури 1.651 мм

Новиот модел е поширок и со поголема должина во однос на претходникот
Следејќи ги барањата на купувачите, особено на оние во Европа, направени се извесни измени кај новиот модел на Space Star. Како резултат на тоа, дизајнерите на Mitsubishi Motors ги изменија визуелните пропориции на автомобилот со што му дадоа уште подобар изглед и зголемена динамичност.

Должината е зголемена за 85 мм и сега изнесува 3795 мм, а во исто време е подобрен протокот на воздухот во предниот и задниот дел на возилото.
Новиот Space Star вклучува и предни би-ксенон и дневни LED светла, нов дизајн на алуминиумски тркала со големина од 14 и 15 инчи, а исто така достапни се и две нови бои на каросеријата, Wine Red и Sunrise Orange.

Измени се направени и во внатрешноста на возилото, како што е новиот управувач со „пијано" и хромирани детали и обложен со кожа, потоа новиот дизајн на тапацирот и седиштата кои можат да бидат и двобојни..

Новиот Space Star е со целосно преработена шасија, со цел подобро да одговори на различните услови на возење, при што е направено следното:

• Оптимизација на нивото на дејствување на пружините на амортизерите
• Подобрување на електро-серво управувачот што овозможува зголемена прецизност и контрола при управувањето
• Систем за полесно тргнување на нагорнини - Hill Start Assist, сега е стандарден кај сите модели

 

Најново во Автомобили